сабота, октомври 5, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ објави повик за снабдување со природен гас за март

    ЕСМ продажба објави јавен повик за набавка на природен гас за март годинава за останати потрошувачи на природен гас во земјава кои снабдувањето ќе го вршат преку оваа компанија.

    – ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина природен гас за март 2023 година за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Р Северна Македонија, кои снабдувањето ќе го вршат преку ЕСМ Продажба, соопштуваат од компанијата.

    Јавниот повик трае од денеска до 24-ти месецов и понудувачите на него треба да достават податоци за нивната понуда во однос на техничките карактеристики на гасот, земја на потекло, гаранција, фиксна цена за MWh, но и вкупна количина која се нуди.

    Исто така потребна е и изјава од одговорното лице на понудувачот дека може да ги обезбеди наведените количини во периодот за кој се дава понудата, односно за март на точка на испорака главна мерна станица (ГМС) Жидилово Република Северна Македонија.

    Иннку, за првите два месеци од годинава, гас за земјава испорачува бугарската фирма „Јутилитис“.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ