четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ лани со добивка од речиси 41 милион евра

    АД „Електрани на Северна Македонија“ изминатата 2022 година оствари добивка во износ од 2,5 милијарди денари или 40,8 милиони евра. Ваквиот позитивен финансиски извештај е резултат на зголеменото домашно производство и намалување на трошоците, соопштија од ЕСМ.

    Дополнително ЕСМ Продажба ја заврши 2022 година со добивка од 302 милиони денари или околу 5 милиони евра.

    „И во услови на енергетска криза имавме ноќни вишоци на енергија и токму поради зголеменото производство можеше да се врши продажба на истата преку ЕСМ Продажба и да се остварат дополнителни приходи“, се вели во соопштението, во кое се додава дека за 2022 година беше предвидено производството во однос на 2021 година да се зголеми за 20 отсто, АД ЕСМ го зголеми за 26,7 отсто.

    АД ЕСМ од почетокот на 2023 до сега произведе 44 отсто повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 61,8 отсто повеќе од истиот период во 2021 година.

    „Првите три месеци од секоја година се секогаш најтешки, во ек на грејна сезона и непредвидливи временски услови, АД ЕСМ не само што го исполни планираното производство, туку и го надмина и остваривме 103,3 отсто“, велат од ЕСМ.

    Во услови на криза беше постигнато и рекордно дневно производство во последната деценија.

    Во текот на февруари 2023 преку капацитетите со кои АД ЕСМ располага се произведоа 22.933 MWh електрична енергија во еден ден, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години и нов рекорд во работењето во последната деценија, благодарение на максималната ангажираност и професионална работа на сите вработени во компанијата.

    Како што посочува сега веќе поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, се ставија во функција сите домашни производствени капацитети на електрична енергија, а со тоа се намали и зависноста од увоз на скапа струја.

    Беше вклучена ТЕЦ Неготино, заборавен капацитет кој за само 40 дена беше подготвен и ставен во фукнција за да во 2022 година произведе 412.692 MWh електична енергија, а од 1 јануари до 31 март оваа година произведе 321.870 MWh.

    Пристигна и новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола и беше ставен во функција за многу краток рок, а се реставрираше стариот трансформатор кој сега стои како резерва.

    Во 2022 година по производни капацитети произведени беа во

    • РЕК Битола 2.328.768 MWh година што е за 26,7 % повеќе од 2021 година.
    • Во РЕК Осломеј 255.231 MWh за 25% повеќе од 2021 година.
    • Во ТЕ-ТО Енергетика 40.515 МWh, што е двојно повеќе од 2021 година.
    • Од обновливи извори на енергија во 2022 година се произведоа 1.087.392 MWh

    Кризата се надмина без ниту еден ден рестрикции.

    За грејна сезона 2022/2023 година планирано беше да се набави 392.430 MWh електрична енергија со вредност од околу 146 милиони евра. АД ЕСМ за овој период или од 1.10.2022 до 31.03.2023 година набави 175.750 MWh електрична енергија со вредност од околу 47 милиони евра. Што значи дека не се потрошиле околу 98 милиони евра, тоа се буџетски пари, пари на граѓаните.

    Доколку АД ЕСМ вршеше продажба на електрична енергија на слободен пазар, по пазарните цени кои беа високи, ќе оствареше добивка од околу 385 милиони евра.

    За граѓаните и малите бизниси беа обезбедени 100 отсто електрична енергија, а со поевтина енергија се снабдуваат 53 здравствени установи, градинки, 9 министерства, Универзитети и факултети и други важни институции во државата вклучувајќи и неколку општини, како и училиштата, водостопански претпријатија и прехранбени капацитети, кои беа субвенционирани од Владата на Република Северна Македонија, посочуваат од АД ЕСМ.

    „Поддршката од Влада за пониска цена на електирчната и топлинската енергија за граѓаните беше во износ од скоро 11 милијарди денари и одеше преку АД ЕСМ и се однесуваше за испорака на електрична енергија за пониски цени кон ЕВН Хоум, Електродистрибуција, МЕПСО и други како и за дополнителни ископи на сопствен јаглен, набавки на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј, мазут за ТЕЦ Неготино, гас за топланите и дел од средсвата беа за набавка на електрична енергија“, се вели во соопштението до медиумите.

    Од таму додаваат дека кога за топлинската енергија за Градот Скопје сите кренаа раце и избегаа од одговорност, Владата ја задолжи АД ЕСМ да ја презеде и оваа обврска. Доколку АД ЕСМ не ја менаџираше кризата со топлинска енергија, иако се работи за комунална дејност и обврска на градот Скопје и општините, тогаш граѓаните во Скопје ќе бараа алтернативни начини за греење и дополнително ќе се оптовареше електроенергетскиот систем во целата држава во услови на енергетска криза. На задоволство на огромен број на граѓани утрото на 15 Октомври радијаторите беа топли.

    „АД ЕСМ во услови на ковид криза, енергетска криза и воено политичка криза од крајот на 2019г почна да ги спроведува проектите од енергетската транзиција и сите активности се во склад со усвоената Стратегија за енергетика до 2040 година и со движењето кон зеленото сценарио, се вели во соопштението.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ