АД ЕСМ на 17.10.2022 година произведе 12.660 MWh електрична енергија, соопштија од Владата.
Притоа, се посочува дека во термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино се произведени 12.253 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 407 MWh.
„АД ЕСМ на 17.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети“, се вели во соопштението во кое се додава дека податоците се од Диспечерскиот извештај на компанијата.
Согласно договорот кој го склучи ЕСМ Продажба на 12 овој месец за продажба на 1.200 MWh вишоци на електрична енергија за периодот 13 – 18 октомври 2022 година со Дуферко МК, утрово се продадени последните 200 MWh. Станува збор за електрична енергија произведена во период од 2 до 6 часот за која Дуферко МК во конкуренција на уште две други компании (ЕТМТ и ДАНСКЕ) понуди цена од 135,7 евра од мегаватчас, се вели во соопштението до медиумите.