петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ до 20 ноември го продолжи рокот за договори за снабдување со струја по повластена цена

    АД ЕСМ до 20 ноември го продолжи рокот за поднесување документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември за дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта. Првично крајниот рок за поднесување на документацијата беше до утре.

    – Рокот за снабдување од 01.12.2022 година, за промена на снабдувач со комплетните документи е продолжен и потребно е тие да се поднесат до 20.11.2022 година, информираат од АД ЕСМ.

    Од компанијата нагласуваат дека АД ЕСМ ги подготви процедурите, договорите и придружните документите потребни за склучување договори за снабдување на дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и јавните училишта.

    -Тие се поставени на официјалната страна на АД ЕСМ на следниот линк: https://www.esm.com.mk/?p=14637 од каде засегнатите субјекти ќе можат да ги симнат, пополнат и потпишат и да ги испратат на соодветните мејл адреси кои се наведени во упатствата, како и до архивата на АД ЕСМ, велат од компанијата.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ