четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ бара гас до април од „Макпетрол“ и од други две фирми

    Во врска со набавката на гас за парно се огласи и државната ЕСМ. Велат дека денеска испратиле допис до „Макпетрол“, и до уште две други фирми кои покажале  интерес да обезбедат гас за потребите на АД ЕСМ.

    „Во дописот од истите е побарано до 20.10.2022 година да достават понуда за гас за периодот ноември-април“, се вели во соопштението од ЕСМ, при што се додава дека понудата која треба да ја достават се однесува на количини, цена, услови на плаќање и обезбедување преку банкарски гаранции.

    Од ЕСМ соопштија дека за периодот ноември-април компанијата има потреба од 225 милиони нормални метри кубни природен гас, со кои ќе се покрие максимално работењето во наведениот период, на топланите Исток и Запад, Когел и на ТЕ ТО, доколку и оваа електрана биде интергрирана во електро-енергетскиот систем на ЕСМ, односно биде потпишан договор за деловно-техничка соработка.

    Претходно, пак, „Макпетрол“ соопшти дека уште на 12 октомври доставиле понуда до АД ЕСМ за количините потребни за топланите Исток и Запад за месец ноември, но крајниот рок за прифаќање на понудата од страна на АД ЕСМ изминал вчера, бидејќи до тогаш „Макпетрол“ морал да ги најави и да ги плати потребните количини кај својот добавувач.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ