четврток, април 18, 2024
spot_img
Повеќе

    Енергетски проекти во програмата на новата Влада

    Владата на СРМ во својата програма се осврнува на повеќе проекти од енергетиката кои треба да се имплементираат за време на нејзиниот мандат. За дел од овие проекти не е точно специфицирано како ќе се одвиваат и во кои временски рокови ќе бидат завршени.

    Префрлање на ТЕЦ “Неготино“ на природен гас

    Повеќе години има планови постоечката Термоелектроцентрала “Неготино“ со моќност од 210 мегавати да се префрли на природен гас. Оваа термоелектроцентрала изградена во 1978 година е направена да работи на мазут чие согорување предизвикува огромно загадување. Исто така заради цената на нафтата, производната цена на струјата би била околи 130 ЕУР за MWh, што е далеку над пазарната цена. Во планот на Владата предвидена е модернизација и нејзино префрлање на природен гас како еколошко поприфатливо гориво.

    Изградба на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште

    Со изградбата на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, Владата во својата програма вели дека ќе обезбеди зголемено домашното производство и намален увозот на скапа енергија. Проектот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште датира од седумдесеттите години на минатиот век, и иако беа објавувани неколку тендери за изградба, истите тие завршија неуспешно.

    Ревитализација и имплементација на еко-стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј

    Владата ќе го продолжи работниот век на столбот на македонската енергетика, РЕК Битола со започнување на експлоатацијата во рудникот Суводол и во рудниците Живојно и Витолиште, Со имплементација на современи еко-стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј (инсталирање систем за редукција на емисии станици за десулфуризација) ќе се намали емисијата на штетни честички во околината во пелагонискиот и кичевскиот регион. Со отворање на новиот јагленокоп Поповјани и модернизација на ТЕЦ Осломеј, ќе се продолжи производниот век на електраната.

    Развој на фотоволтаични електрани

    Владата во својата програма напоменува дека финансиски ќе субвенционира изградба на фотоволтаични електрани во домаќинствата. Нова 10 МW фотонапонска електрана ќе се изгради со панели од македонско производство.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ