петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Таксата за горивата – влог во зелен фонд или кризен данок

    Дополнителна давачка на горивата ќе ги зголеми приходите во државниот буџет, ама зголемените цени негативно ќе влијаат врз стандардот на граѓаните, а нема да го намалат користењето на возилата, анализира Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ. Од Владата, пак, најавуваат посебен фонд за еколошки проекти, во кој годишно би се слевале по околу 50 милиони евра

     

    Еколошката такса се воведува како механизам за прибирање средства за преземање мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина, кои ќе бидат во посебен фонд за овозможување зелен развој, истакнаа вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, на  состанок на Комисијата за јавно-приватен дијалог.

    Наспроти тоа, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер за финансии, оценува дека целта на Владата не е да се придонесе  а заштита на животната средина преку поддршка на транзицијата од користење фосилни горива кон обновливи извори на енергија.

    „Мерката ќе има претежно фискален ефект на зголемување на приходите во буџетот. Таа нема никаква врска со екологија и заштита на животната средина, туку претставува само друго име за кризен данок. А познато е дека кризните даноци, по правило, се воведуваат по завршувањето на одредена кризна ситуација, а не во ек на самата криза“, вели Славески.

    Дали преку зголемени цени на горивата ќе се намали користењето на возилата? Според Славески, одговорот е негативен.

    „Од досегашната практика може да се заклучи дека зголемувањето на цените до одреден степен не влијае на намалување на потрошувачката на горивата. На тој начин се губи смислата на презентацијата на овој удар врз стандардот на граѓаните како еколошка мерка. Несомнено, воведувањето на дополнителна давачка на горивата, преку зголемените цени, ќе ги зголеми приходите во државниот буџет. Зголемените цени негативно ќе влијаат врз стандардот на граѓаните и ќе ги зголемат трошоците за транспорт на стоки и патници“, анализира Славески.

    Дополнително, како што вели, евентуалното воведување на оваа нова давачка доаѓа во изразито неповолен моментм,кога цената на суровата нафта на светските берзи е висока и се очекува нејзин натамошен раст. Славески посочува дека цената на суровата нафта последнава година на светските берзи е зголемена на цели 90%  и само последниот месец е зголемена за 10 %, што секако ќе влијае на зголемување на малопродажните цени на горивата.

    „ЦРВЕНО СВЕТЛО“ ВО ПАРЛАМЕНТОТ ЗА ЗЕЛЕНАТА ТАКСА

     

    Министрите Битиќи и Бесими, на состанокот на Комисијата за јавно-приватен дијалог го претставија концептот за воведување еколошка такса на нафтени деривати, при што посочија дека отоа е механизам за прибирање средства за преземање мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина, кои ќе бидат во посебен фонд за овозможување зелен развој на државата.

    „Висината на еколошката такса од дериват до дериват се разликува и  најголема такса се планира за деривати кои и најмногу ја контаминираат животната средина, како што се бензинот, дизелот, екстра лесното масло и маслото за горење (мазут), за кои таксата ќе изнесува по 3,5 денари по литар, додека за безоловниот бензин, таксата изнесува 3,1 денари“, велат од Владата.

    Според Битиќи и Бесими, средствата од зелената такса ќе се прибираат во посебниот фонд, а  на годишно ниво би изнесувале околу 50 милиони евра, ќе се насочат во еколошки проекти.

    ВЛАДАТА УТВРДИ ЗАКОНСКА РАМКА ЗА ПОВИСОКА ЕКОЛОШКА ТАКСА

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ