четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата во декември за 150 евра повисока во споредба со ноември

    Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 17 декември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 414,04 евра/mwh.

    Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 507,90 евра за мегават час.

    Просечната цена на електричната енергија во текот на месец декември до сега, (baseload till date) изнесува 375,65 евра за мегават час, што е за близу 150 евра повисока од цената по која што електрична енергија се тргуваше во текот на претходниот месец.

    Во меѓувреме, Долниот дом на Германскиот парламент (Бундестаг) донесе закон кој, меѓу другото, ги ограничува цените за електрична енергија за сите потрошувачи. Механизмот за заштита ќе ги прелева екстра приходите на одреден тип производни централи кон потрошувачите со цел да се намалат цените кои потрошувачите треба да ги плаќаат во текот на оваа зима. Во зависност од технологијата за производство на електрична енергија, на компанијата која ја оперира централата ќе и се намалува продажната цена на енергијата за 30 до 90 евра за еден мегаватчас, и така поевтината енергија која на праг на централата ја презема преносниот оператор, ќе се насочи кон потрошувачите преку нивните снабдувачи. Законот ретроактивно ќе се применува од 1 декември 2022 па сé до 30 јуни 2023 година, со можност истиот да се пролонгира до 30 април 2024 година.

    Додека, чешката влада ќе му предложи на парламентот закон за ограничување на цените за електрична енергија и природен гас за големите индустриски потрошувачи. Имено, големите индустрии во Чешка ќе плаќаат по 210 евра за мегаватчас електрична енергија и 105 евра за мегаватчас енергија од природен гас. Овие цени се без ДДВ и без надомест за дистрибуција на струја или природен гас, и практично се истите цени кои во Чешка ги плаќаат домаќинствата и малите бизниси. Големите индустрии овие цени ќе можат да ги уживаат за 80% од максималната годишна потрошувачка во последните 5 години, додека остатокот ќе им биде наплатен по берзански цени. Ова исто така претставува и начин компаниите од индустрискиот сектор да ги искористат сите можности за заштеда на потрошувачката на електрична енергија и природен гас.

    Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

    (Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови).

    НАЈНОВИ ВЕСТИ