четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата во јануари досега 137,20 евра за мегават час

    Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 13 јануари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 162,02 евра/mwh.

    Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 190,76 евра за мегават час. Просечната цена на електричната енергија во текот на месец јануари до сега, (baseload till date) изнесува 137,20 евра за мегават час, што е за околу 123 евра пониска од цената по која што електрична енергија се тргуваше во текот на декември.

    Инаку, интересно е дека на првиот ден од 2023 година цената на електричната енергија на HUPX берзата во петтиот и седмиот час беше негативна, односно берзата плаќање за енергијата поради малата побарувачка за струја.

    Оваа информација ја подготви тимот на ЕДС, со цел да се зголеми свесноста и информираноста за движењето на цената на електричната енергија и со тоа да им се помогне на компаниите при планирањето на буџетите и контрола над потрошувачката на електрична енергија. 

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ