Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС АД) со големо задоволство годинава се вклучи во поддршка на одбележувањето на Денот на Европа.
Во рамки на одбележувањето на Денот на Европа ЕДС ги спонзорираше работилниците на грчкиот уметник Атанасиос Кацарас организирани од Амбасадата на Република Грција во средното училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ и Факултетот за ликовни уметности кои се одржаа на 11 мај, како и работилниците во гимназиите „Орце Николов“ и „Јосип Броз“ во Скопје на 12 мај.
Со поддршка од ЕДС на 13 мај во паркот Гази Баба во рамки на пикникот по повод Денот на Европа се одржа детска работилница за глина „Коропластична уметност – Играчки и фигурини во античка Грција“. Работилниците се спроведоа со цел децата и учениците да добијат основни познавања за керамичката уметност од Хеленистичкиот период, од праисторијата до денешно време.
„Ни беше голема чест и задоволство преку спонзорирање на работилниците на познатиот уметник Атанасиос Кацарас да бидеме дел од одбележувањето на Денот на Европа. Веруваме дека со ова придонесовме децата да се запознаат со една префинета уметност, а дополнително и во промоцијата и зачувувањето на уметноста и културната размена. Како компанијата, која е дел од грчката национална енергетска компанија PPC Group, остануваме посветени на создавање позитивно влијание во нашата заедница и пошироко преку инвестирање во иницијативи кои се во согласност со нашите вредности и мисија“, вели Илијас Тсоукалас, Главен финансиски директор во ЕДС АД.
Тимот на ЕДС АД силно верува во важноста на општествената одговорност и останува посветен на продолжување на напорите за поддршка и спонзорирање хуманитарни настани и добротворни организации и во иднина.