среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Државата го презема делот на „Макпетрол“ во ГА-МА

    Станува збор за реализација на одлука од октомври 2019 година, со која беше одобрена продажба на акцијата во сопственост на „Макпетрол“ во ГА-МА на Владата

     

    Дводеценискиот спор меѓу државата и „Макпетрол“ околу сопственоста во ГА-МА е пред целосна разрешница. Компанијата  ѝ го продаде на државата делот што го поседуваше во гасоводот за 32,7 милиони евра.
    Во известувањето на „Макпетрол “АД Скопје до Македонската берза се вели дека предмет на продажба е акцијата  што компанијата ја има во ГА-МА АД Скопје, а вредност на зделката во апсолутен износ е 2.015.382.127,00 денари, односно 24 отсто од вредноста на активата на друштвото определена врз основа на последните објавени финансиски извештаи, заклучно со 30.06.2021.
    „Висината на зделката е утврдена врз основа на извршена проценка на капиталот од овластен проценител, со која се утврдува пазарната вредност“, се вели во известувањето до берзата, во кое стои дека корисници на зделката се Владата на  С Македонија и Макпетрол АД Скопје.
    Станува збор за реализација на одлука од октомври 2019 година со која беше одобрена продажба на акцијата во сопственост на Макпетрол во ГА-МА  на Владата на Македонија по цена од 32.773.905 евра, во денарска противвредност по средниот курс на еврото, според курсната листа на НБМ, а на денот на пријавување на трансакцијата на Македонската берза.
    Со години траеше спорот околу сопственоста на овој капитален инфраструктурен објект, при што беше поднесено барање за медијација пред Енергетската заедница, со цел решавање на сопственоста на „Макпетрол“ и Владата во ГА-МА. Тоа резултираше со одлука за продажба на акцијата што ја поседува „Макпетрол, по пазарна цена, согласно извршената процена од овластени проценители.

    СОБРАНИЕТО ГО ТРГНА ОД ДНЕВЕН РЕД СПОРОТ ЗА ГА-МА, АМА ОТВОРИ СПОР СО ОПОЗИЦИЈАТА

    НАЈНОВИ ВЕСТИ