среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Досега само „Макпетрол“ доставила понуда за природен гас за ноември

    Во текот на оваа недела се очекува да бидат доставени понудите за набавка на потребните количини на природен гас за месец ноември. Досега понуда има доставено само „Макпетрол“, но се очекуваат понуди од уште две до три компании.

    – Веќе е пристигната една понуда од компанијата „Макпетрол“ за потребните количини за ноември, меѓутоа очекуваме уште неколку други понуди. Ќе видиме, која ќе биде најконкурентната, таа ќе биде прифатена. Гасот којшто треба да се добие во понудите за наредниот период, ќе биде гас којшто е потребен за топланите Исток и Запад,  вклучително и Север доколку се склучи договорот, но исто така и за работа на приватната централа ТЕ-ТО за да се стави во функција од ноември, со цел да се произведе повеќе електрична енергија, да го зацврстиме електроенергетскиот систем во државата, но исто така и да добиеме топлинска енергија, којашто ќе задоволи 60 проценти од топлинската енергија што е потребна за загревање на градот Скопје, изјави денеска директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.

    Овој енергенс засега се купува месец за месец, односно до 20-ти во месецот се прибираат понудите за наредниот месец. Владини извори брифираат дека доколку се добие понуда за шест месеци со прифатлива фиксна цена, тогаш може да се склучи и договор за шест месеци.

     

    – Ако постигнеме цена која ќе биде фиксна и ќе одговара на пресметките за производство на електрична и на топлинска енергија, тогаш може да потпишеме таков договор, велат владини извори.

    Посочуваат дека има две посериозни компании кои за два до три дена би доставиле понуди. Од едната компанија не е исклучена можноста да достави понуда за шест месеци.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ