сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    До 20 проценти пониска цена на гасот преку гасно поврзување со Грција

    Со идниот крак од Грција преку Северна Македонија до Косово  стануваме транзитна земја, а податоците и анализите укажуваат дека секоја земја што гради инфраструктура и што се поврзува со нови коридори може да очекува пониска цена, оценува РКЕ

     

    Претстои сериозна гасификација на земјава по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20  отсто со идниот крак од Грција преку Северна Македонија до Косово, со што стануваме транзитна земја, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)  Марко Бислимоски на онлајн дебата за состојбите во енергетскиот сектор во организација на Стопанската комора на Македонија (СКМ).

    „Во Бугарија, по отворањето на ‘Балкан хаб’, каде што има пристап на гас од Турција, но и на ЛНГ од Грција, цената на гасот се намали за 40  отсто. Податоците и анализите укажуваат дека секоја земја што гради инфраструктура и што се поврзува со нови коридори може да очекува пониска цена. Логично е тоа да се очекува и од гасното поврзувањето на Северна Македонија со Грција. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20  отсто“, рече Бислимовски

    Бислимоски, исто така, наведе дека има пад во наплатата, т.е. продажбата во секторот за електрична енергија и нафта, додека единствен сектор од енергетската област кој бележи раст е природниот гас. Притоа, истакна дека преносот на природен гас во државата бележи највисоки количини од постоењето на преносниот систем за природен гас, пред се заради потрошувачката на когнеративната постројка ТЕ-ТО, која работи безмалку континуирано преку целата година.

    Производството на електрича енергија се стабилизитр, по испадите на термоелектраната „Битола“, поради поплавите. Со почетокот на грејната сезона, се појавија одредени проблеми со снабдувањето со топлинска енергија, кои решија и сега снабдувањето е редовно.

    Поради ремонти на гасоводот на бугарска страна, изминатите денови имаше застој во испораката на природен гас, а сега состојбата нормализирана.

    Снабдувањето со нафтените деривати, како што беше речено, е редовно и стабилно и не се очекуваат проблеми, со оглед на тоа што најголм дел од нафтените деривати ги набавуваме од Грција.

    „Се очекуваат мали намалувања на нафтените деривати поради карантинот во Франција и Германија, но не како на почетокот на здравствената криза“, посочи Бислимоски.

    Според него, постоечкиот систем бележи најголеми пренесени количини на природен гас од постоење на системот и зголемана потрошувачка. Со завршување на преносната мрежа и изнаоѓање на јавно приватен партнер за дистрибутивната мрежа, за што е во тек тендерска постапка, се очекува зголемена потрошувачка на природен гас, а интерконективните врски со Грција и Бугарија ќе овозможат поголема конкуренција во оваа сфера и намалување на цените на приордниот гас.

    Бислимоски информираше дека веќе е иницирана постапка, фирмите кои имаат добиено лиценца за производство на електрична енергија од сончеви колектори, да не бидат исклучени од можноста да аплицираат за добивање финансиска поддршка.

    Сметките за електрична енергија за стопанството се зголемени само во делот на пренос или дистрибуција соодветно на тоа каде се приклучени. Нови поскапувања на струјата не се планирани за оваа година. Се планира проиводните капацитети на ЕСМ да работат пазарно, а на социјалнo загрозените да им се помогне со финасиска помош преку социјални трансфери.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ