сабота, октомври 5, 2024
spot_img
Повеќе

    Дизелот повторно поскапува од полноќ

    Цената на дизелот од вечерва на полноќ одново поскапува, одлучи регулаторната комисија за енергетика. Цената на дизелот ќе се зголеми за 2 денари, и ќе изнесува 98,5 денари.

    Цените на бензините остануваат исти. ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по 91,5 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по 89 денари по литар.

    Се зголемува и цената на мазутот, и според новата цена ќе изнесува 53 денари, додека цената на екстралесното масло за домаќинство остнува иста – 93 денари.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ