среда, декември 7, 2022
spot_img
Повеќе

    Дизелот поскапува за еден денар, бензините остануваат по иста цена

    Цената на дизелот од полноќ се зголемува за еден денар по литар, додека малопродажните цени на бензините не се менуваат. За еден денар се зголемува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство, додека за 0,323 денари по килограм се намалува цената на мазутот, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 проценти во однос на минатонеделната одлука од 23.05.2022 година.

    Од 31.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 95,00 (денари/литар)

    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 97,00 (денари/литар)

    Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 86,00 (денари/литар)

    Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 84,50 (денари/литар)

    Мазут М-1 НС – 54,640 (денари/килограм)

    Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807 отсто, кај дизелот за 3,943 отсто, кај екстра лесното масло за 3,308 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,135 отсто.

    Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,602 отсто.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја