сабота, октомври 5, 2024
spot_img
Повеќе

    Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91%  во однос на претходната одлука.

    Со новата одлука која треба да стапи на сила ноќеска на полноќ, дизелот поскапува за 2 денари, додека, пак, цената на бензините останува непроменета.

    ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 88,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 91 денар, ЕУРОДИЗЕЛ за 92 денари, маслото за горење за 88,5 денари и мазутот за 52,8 денари.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ