сабота, февруари 4, 2023
spot_img
Повеќе

    Дизелот поевтинува за пет, бензините за 3,5 и 4 денари за литар

    ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинува за 5,00 денари, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за 3,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 4,00 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

    Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 4,50 ден/лит, а на Мазутот М-1 НС за 2,115 ден/кг и ќе изнесува 40,056 ден/кг.

    Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 77,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе продава за 79,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 79,50, а Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 77,00 денари за литар.

    Поевтинувањето на горивата се толкува со пад на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и тоа кај бензините за 8,708 отсто, кај дизелот за 8,110 отсто, кај екстра лесното масло за 8.044 отсто и кај мазутот за 5,226 отсто.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја