сабота, декември 10, 2022
spot_img
Повеќе

    Дизелот поевтинува за два денари, бензините со иста цена

    Со оваа најнова одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,48 проценти

     

    За два денари се намалува цената на дизелот од полноќ, а на екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар. Цената на бензините останува иста, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика.

    Според новата одлука, малопродажната цена на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 81,5 денари за литар.

    ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 85,5 денари за литар.

    Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа новата цена ќе биде 56,130 ден/кг.

    Со оваа најнова одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,48 проценти.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја