сабота, февруари 4, 2023
spot_img
Повеќе

    Дизелот поевтинува за 3 денари, цената на бензините останува иста

    Дизелот од полноќ поевтинува за три денари, а цената на бензините останува иста. Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

    Новата цена на дизелот ќе биде 92 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена 84,50 денари, а Еуросупер БС-98 по цена од 87 денари

    Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,50 денари и ќе се продава по 89 денари за литар. Се намалува и цената на мазутот за 1,082 денари и киограм  ќе чини 50,391 денатр.

    Со најновата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38 проценти.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја