петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Дизелот поевтинува за 2 денара, бензините остануваат на старата цена

    Дизелот од полноќ поевтинува за два денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините и на мазутот останува иста.

    Согласно најновата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 90 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 86 денари за литар.

    Цената на Еуросупер БС-95 останува 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а мазутот за 50, 391 денар за килограм.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ