четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Дизелот поевтин за 1,5 денари, бензините по иста цена

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/литар.

    Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 73 денари/литар, Еуросупер БС-98 за 75 денари/литар, а Еуродизел (Д-Е V) од вечер на полноќ ќе чини 62 денари/литар.

    Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/литар и ќе чини 64 денари/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 се зголемува за 0,786 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,181 ден/кг.

    РКЕ во соопштението посочува дека во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 1,160 процент, дизелот зголемување за 3,228 проценти, кај екстра лесното масло за 3,131 отсто и кај мазутот има зголемување за 1,992 отсто.Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,586 отсто. 

    НАЈНОВИ ВЕСТИ