Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за три, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
За 1,024 денари поскапува и Мазутот М-1, и еден килограм ќе чини 51,252 денари.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Така од полноќ цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 97,5 денари. ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по 86,5 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава за 89 денари по литар.