вторник, јуни 6, 2023
spot_img
Повеќе

    Дел од вработените во ЕСМ ќе можат доброволно да одат на принуден одмор

    Прекин на работниот процес од деловни причини ќе биде можен најмногу два месеци, односно во период на траење на енергетската криза, а со исплата на 70 отсто од месечната плата на работникот. Можноста може да ја искористат работници на позиции кои не се неопходни во производството на електрична енергија

     

    Вработените во ЕСМ, практично, ќе може доброволно да заминуваат на принуден одмор во период од два месеци додека треа енергетската криза.

    Како што соопштија од компанијата, АД ЕСМ, во договор и со поддршка на Синдикатот, донесе одлука да им се овозможи на вработените доброволно да се пријавуваат за прекин на работниот процес од деловни причини, за период од најмногу два месеци, односно во период на траење на енергетската криза, а со исплата на 70 отсто од месечната плата на работникот.

    Можноста, велат од ЕСМ, може да ја искористат работниците кои се на работни места кои не се неопходни и најдиректно вклучени во производството на електрична енергија. На одлуката ќе и претходи одобрение од раководно лице, а целта на мерката е да се намалат трошоците во услови на криза.

    „Мерката првично беше конципирана како задолжителна, но со зголемување на обемот на обврски со кои Владата го задолжи АД ЕСМ во услови на енергетска криза, се појави потреба од прераспределба на вработените со цел извршување на новозададените деловни обврски. АД ЕСМ во текот на кризата со електрична и со топлинска енергија го снабдуваше ЕВН Хоум со 100 отсто од електричната енергија потребна за домаќинствата и малите потрошувачи, и дополнително го прошири својот обем на работа, интегрирајќи и други енергетски субјекти во својот систем, како ТЕЦ ‘Неготино’, ТЕ-ТО, менаџирањето со БЕГ и Скопје-Север и снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на ЕВН и на МЕПСО“, велат од компанијата.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја