вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Дел од општините „мува“ не ги лази за штедење

    Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши презентирајќи ги новите податоци за заштеди на институциите ,претпријатијата и општините.

    Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година.

    Станува збор за Арачиново со зголемување од 474%, Студеничани со 11% и Лозово со 12 отсто. Останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15 отсто.

    Бектеши рече дека за општините владата само препорачала да штедат и е задоволен што најголемиот дел од нив потрошиле за 15 отсто помалку струја од ланскиот октомври.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ