петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Дефект на далноводи на МЕПСО го остави без струја Југозападниот регион

    Од МЕПСО велат дека причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле обилните врнежи од снег, кои го предизвикале дефектот

     

    Општините од Југозападниот регион во државата останаа неколку часа без струја поради голем дефект на далноводи на МЕПСО.

    Неколку часа по прекинот во снабдувањето со електрична енергија, МЕПСО успеа да ги санира дефектите на двата далноводи кои испорачуваат струја на Дебар, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и околните населени места.

    Од МЕПСО велат дека причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле обилните врнежи од снег, кои предизвикале дефект на далноводите.

    До прекин на снабдувањето со струја дојде претпладнево, откако без напон останаа два 110-киловолтни далноводи од Вруток до Шпилје и од Битола до Ресен.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ