вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Далноводот со С Македонија е следен предизвик за албанската Влада

    Албанскиот премиер вели дека друга важна точка во енергетскиот сектор е потпишувањето на договорот со САД за изградба на хидроелектраната „Скавица“ на  Дрим, на албанско – македонската граница, кај Дебар

     

    Следен предизвик за владата во Тирана е изградбата на 400-киловолтниот далновод со Северна Македонија, по ставањето во функција на далноводот Албанија – Косово на 14 овој месец, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

    Тој објави денеска дека се почнати активностите за интерконекциската линијата со Северна Македонија, додавајќи дека Албанија е во процес на проширување на енергетскиот пазар и со Италија и Црна Гора.

    „Сега сме концентрирани на реализација на проектот за интерконекциска линија Албанија-Македонија, а само што ја пуштивме во употреба линијата Албанија – Косово, проект што го сметаше мојот претходник за историско право, но се претвори во приказна исто толку болна, колку што е смешна, а потоа блокирана неколку години со ветото на Србија, кое беше тргнато со ‘балканскиот шенген’„, рече Рама.

    Според него, овој важен развој меѓу Албанија и Косово, а од друга страна, „проектот со С Македонија“, се дел од низата големи промени што се случуваат и претставуваат „нова фаза во енергетскиот сектор“.

    Тој посочи дека друга важна точка во домашниот енергетски сектор е потпишувањето на договорот со САД за изградба на хидроелектраната „Скавица“ на реката Дрим, на албанско – македонската граница, кај Дебар.

    Рама е убеден дека со изградбата на „Скавица“ неговата земја ќе стане извозник на елекрична енергија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ