сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    „Црвено светло“ во парламентот за зелената такса

    Според ВМРО-ДПМНЕ, еколошката такса е погрешна мерка во погрешно време и затоа ќе биде блокиран законот со кој таа треба да стапи на сила

     

    Парламентарната опозиција најавува блокада на измените на Законот за животрна средина, со кои Владата предлага повисока еколошка такса за горивата.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, еколошката такса е погрешна мерка во погрешно време и затоа ќе биде блокиран законот со кој таа треба да стапи на сила. Оваа влада, како што оценуваат  од најголемата опозициска паритија, за пет години владеење не создаде политики за заштита на животната средина, а сега ја затскрива реланоста преку воведување кризаен данок.

    „Без двоумење ќе го блокираме овој предлог закон, користејќи ги сите постоечки демократски механизми. Во случај мнозинството да продолжи со тоа што го прави најдобро, а тоа е насилно и надвор од процедура да донесе уште еден закон кој удира по џебот на граѓаните, тогаш приоритет на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосна ревизија на сите антипазарни политики, меѓу кои и високите даноци“, вели Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ.

    Од СДСМ, пак, одговараат дека  опозициската партија поттикнуваше загадување додека беше на власт, а сега се противи на инвестиции во обновли извори на енергија.

    Вчера и Алијанса на Албанците и Алтернатива најавија блокада на  предложеното законско решение.

    Еколошките такси се неизбежен дел од политиките за здрава и чиста животна средина. Преку нив се поттикнува користење на поеколошки енергенси во секојдневнието, а од друга страна се собираат средства за зелени инвестиции кои потоа имаат повеќекратен и долгорочен ефект за економијата.Секому му е јасно дека живееме во време кога е неопходна трансформација на начинот на кој се користат ресурсите и енергијата, а Владата ќе обезбеди цврсти механизми за средствата собрани на овој начин да бидат наменети исклучиво за зелени инвестиции и зелени работни места. Но партијата на Мицкоски се води единствено од популизам па затоа има потреба да се противи на секое решение кое е важно за долгорочно справување со загадувањето“, реагираат од СДСМ, по најавата за блокада на т.н. зелена такса.

    Владата, на 82 седница, ги утврди предлог- измените на законот за животна средина, кои предвидуваат повисока еколошка такса.

    Со предложените измени, кои одат во собраниска процедура, се предвидува зголемување на давачката за увоз на нафтени деривати во земјава за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут). Се предвидува и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л ,како помалку загадувачки нафтен дериват.

    ВЛАДАТА УТВРДИ ЗАКОНСКА РАМКА ЗА ПОВИСОКА ЕКОЛОШКА ТАКСА

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ