четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Членството во Организацијата за црноморска соработка – шанса за зајакнување на енергетските капацитети

    Оваа Организација е вториот најголем извор на нафта и природен гас, со што претставува еден од главните снабдувачи на енергија на Западна Европа

     

    Членството на Северна Македонија во  Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC) е шанса за зајакнување на енергетските капацитети наземјата, според проценките на државниот врв.

    „Обемот на трговија во рамките на BSEC изнесува околу 170 милијарди долари годишно. Оваа Организација е вториот најголем извор на нафта и природен гас, со што претставува еден од главните снабдувачи на енергија на Западна Европа. Постои широк обем на соработка помеѓу земјите членки на BSEC и Северна Македонија“, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

    Пред неколку дена Северна Македонија официјално стана 13. членка на BSEC, која се протега на два континента и економски поврзува над 350 милиони жители, а покрива и три региони – Балканот, Кавказот и Црното Море, со површина од 20 милиони квадратни километри.

    Османи вели дека членството во оваа Oрганизација создава нови услови и можности за привлекување странски инвестиции и создавање дополнителни потенцијали за домашните бизниси, оособено оние што се извозно ориентирани. Министерот за надворешни работи додава дека земјава се стреми веднаш активно да се вклучи во секторските сфери на соработка, почнувајќи од трговијата и економскиот развој, банките и финансиите, комуникацијата, енергијата, транспортот, земјоделството и агроиндустријата, здравствената и фармацевтската грижа, заштитата на животната средина, туризмот, науката, технологијата

    Придобивките од  членството на BSEC, како што вели, не се однесуваат само на  отворање на каналот на економската комункација меѓу земјите членки, туку и во реализација на заеднички проекти. Ова најмногу доаѓа до израз, посочи Османи, преку содзвање фонд за развој на проекти од различните сектори на Организацијата.

    „Секое идно планирање мегапроекти од областа на инфраструктурата и енергеттиката што потекнуват географски од BSEC ние ќе можеме одблиску да ги следиме и да се вклучиме како корисник, како транзитна земја, и со тоа да обезбедиме дел од заедничките бенефити од членството во Организацијата“, истакна Османи.

    Од  земјите во нашето опкружување, членки на BSEC се Грција, Бугарија, Србија и Албанија, со што, според проценките, се отвора можност за заеднички настап како регион, во рамки на Организацијата.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ