петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Цените на гасот во Европа паднаа на ниво пред војната во Украина

    Цените на гасот во Европа оваа недела паднаа на ниво од пред руската инвазија на Украина. Фјучерсите за природен гас на холандскиот центар ТТФ и референтните договори во Европа последната недела се на најниска вредност од февруари, и се движат околу 77 евра за мегават час.

    Цените на гасот својот врв го достигнаа во август, кога надминаа 345 евра/MWh, поради руското ограничување на извозот до остатокот од континентот како одговор на казнените санкции на ЕУ и високите летни температури, кои ја зголемиja побарувачката во услови на ограничена понудата.

    Но и покрај континуираниот пад на цената на овој енергенс, македонските власти за јануари преку јавен оглас набавија гас по цена од 115,9 евра или поскапо за речиси 40 евра по мегават час од денешната цена. Од државните електрани за Алсат велат дека оваа цена нема да важи за целата грејна сезона туку само за месец јануари.

    „Доколку на тендерот за набавка на природен гас за февруари добиеме пониска и подобра понуда, таа ќе ја прифатиме. Договорот со компанијата од Бугарија е рамковен и може да се менува“, наведуваат од ЕСМ.

    На тендерот за набавка на гас учествуваше и Макпетрол, компанија која досега го имаше бизнисот за снабдување со гас во земјава, но поради понудена повисока цена, властите решија договор да потпишат со странската компанија. Потоа Макпетрол излезе со серија на забелешки на договорот. Од компанијата обвинуваа од склучениот договор со фиксна цена државата ќе трпи фиансиски загуби. Набавката на гас на ЕСМ е за производство на топлинска енергија која ја користат топланите.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ