четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Цената на парното ќе зависи од условите за природниот гас што ќе се договорат со „Гаспром“

    Во однос на цените на парното веќе се запопчнати преговори со ГАЗПРОМ од страна на Макпетрол кој е главен увозник на природен гас. Имајќи во предвид дека ние имаме само еден влез, еден интерконектор со Република Бугарија каде што главно количините се обезбедени од страна на ГАЗПРОМ и во Република Бугарија и сме зависни, во делот на цената што ќе ја понуди ГАЗПРОМ, порача министерот за еконмија Крешник Бектеши и додаде дека цената на парното греење зависи од цената на природниот гас.

    -Тоа не е проблем само на Северна Македонија, тоа е голем проблем и на ЕУ заради политиките кои ги прави Русија преку ГАЗПРОМ. За тоа, нашата цел како Влада е да направиме диверзификација во делот на снабдување со природен гас. На почетокот на наредната година ќе почне со изградба новиот интерконектор со Република Грција и на таков начин да ја зголемиме конкурентноста и во овој дел на енергијата во нашата држава што нема да придонесе позитивно само во нашата држава, но и во регионот, бидејќи ќе имаме повеќе можности за снабдување со природен гас, рече Бектеши

    НАЈНОВИ ВЕСТИ