недела, јули 21, 2024
spot_img
Повеќе

    Цената на гасот на берзата во моментов е драстично пониска од фиксната што државава се договори да ѝ ја плаќа на компанијата „Балкан јутилитис“ во февруари

    Директорот на државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, денеска призна дека во моментов цената на гасот на берзата е пониска од онаа на „Балкан Јутилитис“ која Владата ја избра да ја снабдува земјава со природен гас, откако досегашниот добавувач, „Макпетрол“, се откажа од увозот на овој енергенс пред Нова година.

    Берзанската цена сега се движи околу 60 евра за мегават-час и опаѓа, додека, според договорот со бугарската фирма „Балкан Јутилитис“ за февруари, потпишан пред некоклу дена, Северна Македонија ќе плаќа 98 евра за мегават-час, што е за над 40% поскапо.

    Сепак, Ковачевски вели дека берзите се непредвидливи, односно како што цената паѓа, така може брзо и да порасне, а кога тоа ќе се случело, нашите граѓани ќе биле заштитени.

    „Никој не може во вакви услови на криза и воен конфликт да предвиди дали ќе биде стабилна. во моментов, да, се согласувам цената на берзите е пониска и има тенденција на опаѓање, но да не заборавиме дека на берзите се случуваат и енормни скокови и тука сме заштитени“ изјави директорот на ЕСМ.

    Тој тврди дека во наредниот период ќе се направи анализа за набавка на енергенси, која треба да даде јасна слика дали државата платила повеќе или помалку.

    Пресметките на крајните цени покажуваат дека со изборот на бугарската „Јутилитис“ со фиксна цена, во јанаури за гас државата ќе плати 1 милион евра повеќе, а во февруари и повеќе од овој месец.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ