петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Цената на дизелот се зголемува за два денари

    Дизелот од ноќеска поскапува за 2 денара за литар, а цената на екстра-лесното масло за домаќинства ќе се зголеми за 2,5 денара. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99 отсто.

    Со најновото зголемување, еден литар Еуродизел БС ќе се продава за 94,5 денари, додека екстра-лесното масло ќе чини 92 денари за литар. Цените на бензините и на мазутот не се менуваат.

    Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 2,807 отсто, кај дизелот за 3,614 отсто, кај екстра лесното масло за 4,615 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,978 отсто.

    Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,231 отсто, информира РКЕ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ