сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Бугарската струја за С Македонија сè уште нема цена

    Работните групи од Северна Македонија и Бугарија денеска не постигнаа договор околу цената по која ќе се откупува струјата во наредните неколку месеци за да се ублажи ценовниот шок и недостатокот. На денешната средба во Софија, прва од овој формат на работни групи, треба да се прецизираат трошоците и цената на транспортот на базната струја.

    Македонската делегација ја водат директорите на ЕСМ и МЕПСО, Васко Ковачевски и Орхан Муртезани како и Виктор Андонов, советник на премиерот Димтар Ковачевски. Според неофицијалните ифнромации во текот на наредната недела ќе се одржи уште една средба на работните групи а тоа се должи на фактот што договор мора да се постигне до крајот на месецот.

    Проблемот со цената по која ќе се закупува струјата од Бугарија лежи во фактот што Бугарија е членка на ЕУ каде важат стриктни регулативи за продажба на електрична енергија на слобдниот пазар.

    Според неофицијалните инфромации македонската делегација очекува да добие цена пониска за најмалку 15 отсто од онаа во моментот на берзата или некаде под 400 евра за мегават час.

    Договорот за помош со електрична енергија начелно беше постигнат на  5 септември на средбата меѓу премиерот Ковачевски и неговиот бугарски колега Донев во Софија. Иако без прецизирани детали, тогаш беше соопштено дека станува збор за колучина меѓу 4 и 5 гигавати струја дневно но и помош при транспорт на гас и складиарње во постоечките капацитети во Бугарија.

    Во вторникот пак падна договор и со Грција за непречено снабдување со неопходните енергенси за производство на електрична енергија – јаглен, лигнит и мазут, повторно на средба на премиерско ниво, Ковачевски – Мицотакис.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ