среда, декември 7, 2022
spot_img
Повеќе

    Black Friday понуда од ЕДС АД: Шест месеци попуст на трошокот за потрошена електрична енергија

    Energy Delivery Solutions (ЕДС АД), компанија која што важи за лидер во областа на трговија со електрична енергија на македонскиот пазар, по повод Black Friday подготви ограничена понуда за своите клиенти, со која што компаниите кои што ќе склучат договор во траење од една година, ќе обезбедат заштеда на сметките за потрошена електрична енергија токму во најкритичните месеци од годината.

    „По повод Black Friday, но пред се’ како општествено одговорна компанија, подготвивме понуда со која што на компаниите им нудиме попуст на трошокот за потрошена електрична енергија. Понудата вклучува попуст од 2 отсто во траење од шест месеци за компаниите кои што ќе потпишат договор со ЕДС АД најдоцна до 29 ноември годинава. Она што е важно, особено во овие кризни времиња во однос на снабдувањето со електрична енергија, е дека ова намалување на трошокот на електрична енергија се однесува на најкритичните месеци од годинава, од јануари до април, кога поради грејната сезона и кризата во снабдување со природен гас цените на струјата можат повторно да постигнат високи нивоа. Имајќи го ова предвид, намалување на цената од 2 отсто во траење од шест месеци ќе значат сериозна заштеда за компаниите“, истакнува главниот извршен директор на ЕДС АД, Јанис Јанопулос.

    Ограничената понуда се однесува на договор за снабдување во траење од една година што e дополнителна придобивка за компаниите со која што обезбедуваат сигурност во снабдувањето со електрична енергија.

    ЕДС АД е компанија која што веќе 10 години работи на македонскиот пазар по највисоки професионални стандарди и во моментов е снабдувач на електрична енергија за повеќе од 500 правни субјекти, од кои поголем дел се приватни компании. Од 2018 година ЕДС АД е горд член на грчката национална компанија PPC SA (Public Power Corporations), која како најголема енергетска компанија во југоисточна Европа донесе стратешка одлука да инвестира во Република Северна Македонија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја