вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимовски: Граѓаните не мора да одат да потпишуваат договори за парно, ЕСМ ќе им ги прати по пошта

    Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РЕК), Марко Бислимовски кажа дека нема потреба граѓаните да одат на пунктовите да потпишуваат договори за парно.

    Бислимовски кажа дека нема потреба да се создаваат гужви на пунктовите, а оваа реакција следи откако граѓаните денеска во редици чекаа за да потпишат нов договор со новиот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Снабдување со топлина.

    Тој потенцираше дека нема потреба да се прават гужви во пунктовите на ЕСМ.

    Новите договори за парно греење со ЕСМ снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје потрошувачите ќе ги добијат по пошта. Никој нема да остане без парно греење, уверува претседателот на РЕК.

    „Нема опасност дека некој граѓанин ќе биде исклучен. Тие што ги немаат потпишано, ќе им бидат испратени во поштенските сандачиња заедно со сметките за парно. Тоа е вообичаена работа да се потпишат нови договори. ЕСМ има таква обврска. Сепак, граѓаните треба да знаат дека нема да бидат исклучени, потенцира Бислимовски на гостувањето во „Сител“.

    ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска соопшти дека новите договори за парно греење може да се потпишат на три пункта во Скопје со работно време од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 9 до 13:30 часот: пункт Центар, на ул.„Кочо Рацин“ бр.33 кај Олимписки базен, пункт Исток, на ул. „Јане Сандански“ бр.49 во населба Аеродром и пункт Запад на улица „Лондонска“ бр.8 во населба Тафталиџе.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ