четврток, февруари 22, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимоски во „Топ тема“: Универзалниот снабдувач е обврзан да примени тарифен систем кој е усогласен со измените на законот за енергетика

    Универзалниот снабдувач со електрична енергија е обврзан да го примени тарифен систем, кој што е усогласен со измените на законот за енергетика, и да ги изврши пресметките за цените на електрична енергија кој треба да важат за универзалниот снабдувач, нагласи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

    „Тие пресметки, универзалниот снабдувач потоа ги доставува до Регулаторната комисија за енергетика и РКЕ, доколку има забелешки во однос на примената на тарифниот систем и начинот на кој што се извршени тие пресметки, носи посебна одлука и таа ја доставува до универзалниот снабдувач кој што е обврзан да ја примени. Крајните цени, наместо РКЕ, универзалниот снабдувач ќе ги објави со „Службен весник“. Тоа е концепт кој што е усогласен со европското законодавство и за првпат ќе го применуваме во Македонија“, рече Бислимоски.

    Концепциски е, истакна Бислимоски, РКЕ ја носеше конечната одлука, а сега има еден чекор помеѓу, а тоа е проверка што доставил универзалниот снабдувач кој е обврзан да ги објави цените на блоковите за домаќинствата и за малите потрошувачи.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ