четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимоски: Во рок од 24 часа ќе ги промениме одлуките за цената на струјата доколку компаниите достават такво барање

    Доколку компаниите се подготвени да работат со загуба, ние сме подготвени во рок од 24 часа по доставување на податоци од компаниите да ги промениме нашите одлуки за цената на електричната енергија вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

    Тој на денешната прес-конференција посочи дека досега компаниите немаат доставено никакви податоци, а доколку достават РКЕ е подготвена  во рок од 24 часа да ги промени својите одлуки.

    – Ние не смееме да донесеме одлука која ќе ги доведе компаниите до загуба, бидејќи за тоа јас како претседател и членовите на РКЕ кривично ќе одговараме зашто сме работеле спротивно на закон. Со Законот за енергетика е предвидено секоја компанија да оствари свој профит, а нашите одлуки ги држат компаниите во кондиција и да работат на позитивна нула –  рече Бислимоски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ