четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимоски: Училиштата и компаниите за храна да не одат на регулиран пазар, туку да купуваат од ЕСМ

    Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), денеска го изнесе својот став за предлогот на Владата и Министерството за економија, училиштата и околу 100 до 150 компании за храна да бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија.

    Претседателот на РКЕ смета дека училиштата, јавните комунални претпријатија и околу 150 компании од прехрамбениот сектор треба да останат на слободниот пазар а не како што најави Владата да се префрлат на регулираниот, бидејќи тоа ќе влијае на конечната цена на струјата која евентуално ја плаќаат домаќинствата од 1 јануари.

    -Сметам дека апсолутно треба да им се помогне, но тоа треба да го направи ЕСМ преку својата компанија ЕСМ Продажба која има лиценца за снабдување со електрична енергија и да им понуди цени кои се исти или повисоки од оние на регулираниот пазар. Така ќе им се помогне на многу поедноставен начин. Доколку, пак, тие се вратат на регулираниот пазар ЕСМ ќе треба да продава електрична енергија на ЕВН Хоум по цена од 48 евра за мегават час и во тој случај дополнително би се направил притисок на цената на електричната енергија за домаќинствата поради зголемувањето на трошокот за маржа, рече Бислимоски.

    Маржата на тој начин, потенцира ќе се зголеми за пет до седум милиони евра.

    ЕСМ Продажба може да им продава по цени кои се исти или повисоки од тие кои се на регулираниот пазар и при тоа ЕСМ да заработи дополнителни средства. Доколку се вратат на регулираниот пазар тогаш ЕСМ ќе биде принуден согласно  тоа што е одобрено на тендерот и е заклучено како договор да продава по цена  од 48 евра за мегават час и тоа дополнително ќе направи зголемување на трошокот на маржа. Доколку тоа се прави преку ЕСМ Продажба, ЕСМ може на месечно ниво да ја коригира својата цена  која ќе им ја понуди имајќи во предвид дека има најави од Европската комисија дека можеби ќе се воведе ограничување на цените на електричната енергија на берзите, пред се, за производните  капацитети кои не се на природен гас, потенцира Бислимоски.

    Претседателот на РКЕ оцени дека доколку ЕСМ го одржи планираното производство, нема да се зголеми цената на електричната енергија по Нова Година.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ