четврток, април 18, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимоски: Надминат е проблемот со „Макпетрол“

    Проблемот со „Макпетрол“ е надминат и компанијата ќе си доставува понуди во текот на следните денови до сите потрошувачи, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

    Според него, гас ќе има, а конкурентоста ќе биде обезбедена од 1 јануари идната година  од кога ќе важат новите правила на пазарот.

    Потрошувачите, како што рече Бислимоски во гостување на ТВ 24, треба да знат дека „Макпетрол“ како што функционирало досега нема да биде. „Макпетрол“ ќе им доставува номинации и доколку потрошувачите отстапуваат,  земат повеќе, за тоа ќе си платат дополнително, но не на „Макпетрол“, туку на преносниот систем оператор ГА-МА.

    „Макпетрол се согласи со овој пристап бидејќи на некој начин одредени ризици што беа кај снабдувачите се тргнати со вклучувањето на ГА-МА. Значи, ризиците кои што беа на снабдувачите, да не се соочат со проблеми со ликвидност доколку не плаќаат одредени потрошувачи ќе го преземе државата преку ГА-МА, но верувам дека тоа ќе бидат мали отстапуавња и оти на тој начин ќе го решиме проблемот“, рече претседателот на РКЕ, која денеска организираше јавна расправа за новите правила за снабдување со природен гас, што треба да профункционираат од 1 јануари.

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека парно за граѓаните и гас за компаниите ќе има и по 1 јануари и скопјани непречено ќе се снабдуваат.

    „ЕСМ продажба“ утрово објави нов повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои можат да обезбедат и испорачаат потребни количества на гас за производство на топлинска енергија за топланите, како и за преостанатите потрошувачи на природен гас во државата.

    Објавувањето на повикот дојде по најавите дека од 1 јануари „Макпетрол“ нема да испорачува природен гас до неговите корисници.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ