среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимоски: Евентуалното зголемување на ДДВ-то од 5 на 10 проценти би значило зголемување за 4,7 % на вкупниот трошок на домаќинствата за струја

    Се што ни стои на располагање како механизми ќе ги искористиме за да нема зголемување на цената на електричната енергија, порача денеска од Струмица претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, коментирајќи ги најавите Владата за зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто и на цената на струјата од почетокот на наредната година. 

    Според Бислимоски, во однос на ДДВ Регулаторната комисија нема никакви ингеренции, бидејќи тоа е одлука на Владата.

    Министерот за за финансии Фатмир Бесими најави зголемување на ДДВ-то за електрична енергија после 1 јануари од 5 на 10 %, а вицеприемиерот Фатмир Битиќи кажа дека од Нова година можни се нови цени на струјата за домаќинствата.

    Бислимоски кажа дека евентуалното зголемување на ДДВ-то од 5 на 10 проценти, според математиките на Регулаторна, на сегашната цена во апсолутна вредност би значило зголемување за 4,7 % на вкупниот трошок на домаќинствата за струја.

    -Доколку остане сегашната цена, зголемувањето на ДДВ од 5 на 10 отсто во апсолутен износ значи зголемување за 4,7 отсто на вкупниот трошок на домаќинствата за електрична енергија, смета Бислимоски.

    Тој додаде дека нема потреба од брзање со давање изјави дека цената на електричната енергија после први јануари ќе се зголеми.

    Бислимоски рече дека треба да се направи детална анализа за да се види како ќе заврши производството на енергија од ЕСМ, колкави се приходите од продажбата, колкава е потребата од увоз, загубите, за да се знае реалната слика од аспект на домашното производство и што се планира идната година.

    Бислимоски ги оцени како притисок барањата на Народниот правобранител за поплаките на граѓаните за цената за пренос на електрична енергија и, како што рече, РКЕ ќе ги информира сите меѓународни институции од областа на енергетиката како една државна институција прави притисок врз едно независно регулаторно тело.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ