сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Без државна помош сметките за струја ќе беа повисоки за 73 отсто

    Без средствата што се префрлаат на ЕСМ, сметките на граѓаните во изминатиот период од годината ќе беа повисоки за околу 73 отсто, како што е веќе прикажано и на самите сметки – вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Владата

    Деталните сметки за струја, на кои се прикажани примери за износот на државната субвенција, ги преплашија граѓаните. Но, сметките за струја реално се пониски за 73 отсто, а прикажаните примери се однесуваат на сумата што би требало да ја плаќаат граѓаните доколку ја нема оваа државна субвенција. Така, на пример, за сметка од 2.000 денари, субвенционирани се 1.455 денари, односно без намалувањето од 73 отсто, сметката би изнесувала – 3.455 денари.

    „Од почетокот на кризата, државата ја субвенционира цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи преку државните субвенции, односно средствата што Владата редовно му ги префрла на ЕСМ за да ја обезбеди неговата ликвидност. Тоа значи дека без средствата што се префрлаат на ЕСМ, сметките на граѓаните во изминатиот период од годината ќе беа повисоки за околу 73 отсто, како што е веќе прикажано и на самите сметки. Секој граѓанин сега може да ја види пресметката на својата сметка за струја колкав износ би требало да плати доколку не постои оваа државна субвенција. Оваа пресметка е во насока на зголемување на активната транспарентност за да имаат предвид граѓаните за движењата на цените на електричната енергија, да бидат повнимателни и да ја штедат електричната енергија – вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Владата за „Слободен печат“.

    За 2022 и 2021 година Владата на ЕСМ за електрична енергија му префрлила околу 252 милиони евра. Износот за топлинска енергија кој Владата за 2022 и 2021 година, му ги префрлила на ЕСМ е околу 37 милиони евра.

    Инаку, поголемиот дел европски земји, а меѓу нив и четирите најголеми, Германија, Франција, Италија и Шпанија, во своите интервентни планови ги намалија даноците и ги финансираат маржите на бензините, на струјата и на гасот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ