четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Бесими: ДДВ-то за електричната енергија од први јануари ќе биде 10% проценти

    Данокот на додадена вредност за електричната енергија од Нова Година ќе изнесува 10 отсто, изјави вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. Од мај годинава, како една од владините антикризни мерки, струјата се одначува со стапка од пет отсто ДДВ.

    Бесими, во гостувањето на Топ тема на телевизија Телма, рече дека оваа стапка ќе важи до крајот на годинава, а во првата половина на идната година за прометот на електричната енергија кон домаќинствата ќе се пресметува ДДВ од 10 отсто.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ