понеделник, март 8, 2021

ЕДС доминира на целосно либерализираниот пазар на струја во С. Македонија

Компанијата ЕДС, како доминантен играч продаде најмногу струја до крајните потрошувачи во 2019, годината во која за прв пат започна да функционира целосно либерализираниот...
Повеќе

    Бензините повторно поевтинуваат за половина денар

    Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 58,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 60,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 50,5, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,184 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,938 денари.

    Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалената референтна цена на банзинот на светскиот пазар за 2,37 отсо и на дизелот за 1,499 отсто во изнинатите седум дена, како и за 0,311 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

    Latest Posts

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја