среда, декември 7, 2022
spot_img
Повеќе

    Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за 1,5 денари

    Од полноќ Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Според новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 89 ден/лит, а Еуросупер БС-98 за 91,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 93,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 90 ден/литар.

    Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,128 ден/кг со што новата цена ќе биде 51,686 ден/кг.

    Со најновата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 проценти.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја