сабота, септември 18, 2021
spot_img
Повеќе

    Бензините поскапуваат по половина денар, цената на дизелот со иста цена

    Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).  Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 66 денари, а  ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 68 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 56, а на Екстра лесно масло за домаќинств  (ЕЛ-1) 45 денари.

    Со одлуката на РКЕ за 0,446 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,843 денари.

    Како причина за зголемувањето на малопродажните цени од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени во изминатите седум дена на светските берзи кај бензинот во просек за 1,397 отсто и  намалените кај дизелот за 0,124 отсто, како и за 0,832 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја