четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

    Откако минатата недела нафтените деривати останаа со непроменета цена, Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија, во согласност со нивната методологија за пресметување на цените, одлучија да ги корегираат цените, односно да ги поскапат бензините, додека дизелот останува со иста цена како и претходно.

    Според РКЕ, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0,52 проценти. Тоа значи дека бензините поскапуваат за половина денар, додека дизелот останува со непроменета цена. Во согласност со тоа, Еуросупер БС-95 ќе се продава за цена од 60 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 се продава за 62 денари по литар гориво. Согласно претходно утврдената цена, Еуродизел ќе се продава по цена од 52 денари по литар наточено гориво.

    Од РКЕ својата најнова одлука ја правдаат со фактот дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 2,533%, додека кај дизелот има намалување за 1,317%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,558%.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ