четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Бензините поевтинуваат за 2,5, дизелот за 1,5 денари

    Цената на бензините од полноќ се намалува за 2,5 денари за литар, а на дизелот за 1,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Согласно новата одлука на РКЕ, од полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 81 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 83 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде 82 ден/лит, а литар нафта за домаќинствата 78,5 денари, која поевтинува за 1 денар.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг и ќе изнесува 54,154 денари за килограм.

    Регулаторната комисија информира дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 2,50 % во однос на последната ценовна промена.

    Комисијата уште еднаш потсетува дека тоа се максималните цени, а дека трговците може да горивата да ги продаваат и по пониски цени.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ