среда, декември 7, 2022
spot_img
Повеќе

    Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот поскапува 0,5 денари

    Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) цената на бензините ќе се намали за 1,5 денари, а цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

    Согласно новите цени што ќе важат од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 110 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 112, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 110 денари за литар.

    Новите цени на нафтените деривати, како што кажа, се должат на фактот што во текот на изминатата недела за речиси два денари се зголеми курсот на доларот и достигна над 59 денари за еден долар.

    Само од крајот на мај до денеска, за 30 дена,  цената на дизелот се зголеми за дури 23,5 денари по литар што е раст за близу 30%. Цената на бензините скокна за 17 денари или нешто повеќе од 17%.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја