четврток, април 18, 2024
spot_img
Повеќе

    Бензините поевтини за 1, дизелот за 1,5 денари

    Бензините од полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија

    Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 58,50 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60,50 денари за литар.

    Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе чинат 49 денари за литар.

    Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,407 ден/кг со што сега ќе се продава по цена од 24,549 ден/кг.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ