четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Струјата нема да поскапи

    Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска увери дека граѓаните нема да плаќаат поскапа струја.

    „Во текот на јуни ќе седнеме и ќе разговараме за новиот модел. Јас можам од денеска да им кажам на граѓаните дека нема да плаќаат поскапа струја. Кој ќе биде моделот, сите заеднички ќе го формираме во склоп на енергетскиот совет. Граѓаните нема да плаќаат поголема цена од постоечката од 1-ви јули до крајот на годината“ вели Бектеши.

    Тој појасни дека со министерот за финансии и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и другите членови од Енергетскиот совет во рамки на Владата наредниот месец ќе разговараат за новиот модел за пресметување на цената на електричната енергија, но, им порача на граѓаните дека независно каков ќе биде утврдениот модел, поскапување на електричната енергија нема да има.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ